Јавни личности го поддржуваат и денешниот протест „Правда за жртвите на Онкологија“

Денес, честврта недела по ред продолжува серијата протести „Против убиствата на Онкологија“, каде главна порака на протестирачите до властите и надлежните е „Правда за жртвите на онкологија“. Реакциите во јавноста речиси цел месец не стивнуваат, правдата се’ уште ја нема, а револтот е се поголем. Дел од јавните личности, актери, уметници, пејачи, универзитетски професори и останати изразија поддршка за овој протест.

Поддршка дадоа актерите Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Сара Климоска, албанскиот водител Јелмаз Дервиши, понатаму, редакциите на „Слободен печат‘‘ и „ИРЛ Македонија‘‘, како и познатиот инстаграм инфлуенсер Даниел Николовски.

Претходно протестот го подржаа и Сашко Коцев, популарниот рапер Тони Зен, деканот на факултетот за Музичка уметност, композитор и пијанист Дарија Андовска, актерот Атанасовски Атанас и многу други.

Божидар Божиновски, кој важи за еден од најактивните и најпопуларните „фејсбукџии“, е еден од поддржувачите на протестите, кој повикува на поддршка на истиот уште кога беше најавен првиот протест. На протестите, тој беше забележан пред Јавното обвинителство.

Протестот е закажан за денес, понеделник од 18 часот пред Владата, ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде ќе се побара ОДГОВОРНОСТ за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но, и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.