АктуелноЛокално

Левица: Командир на полициска станица злоупотребуваат оружје за приватни прослави

  • Реакција на Левица – Сектор безбедност

Минатиот месец на семејна “веселба” командирот на полициската станица (ПС) Ропотово, Ердал Рамадан, беше снимен како гордо застанат на тераса пука со автоматско оружје. Покрај тоа што Рамадан бил задржан во полициската станица Прилеп, денес тој е вратен на работа како командир на ПС Ропотово.

Рамадан го поседува ова оружје на два можни начини: нелегално, или пак ја има “позајмено” неговата службена автоматска пушка. Автоматската пушка, дел од Категорија А според законот за оружје во Република Македонија, е забранета за цивилна употреба. Ваков тип на оружје може да има само во АРМ и МВР, а командирот на ПС Ропотово ја користи оваа пушка на сред населено место- ставајќи го населението во опасност.

Во целата оваа приказна, Оливер Спасовски не само што не превзема акција- туку активно го игнорира проблемот и дозволува криминалец да е на функција на командир.

Додека некој пука со автоматско оружје во населено место и продолжува со својот живот, некој е притворен поради протестирање и остварување на своето човечко право.
Наместо борба за општа јавна безбедност, Оливер Спасовски- заедно со неговиот надлежен Ковачевски, води борба за неспорна моќ и градење капитал.

Секторот за Безбедност при Левица повикува МВР и министерот Оливер Спасовски да го прават она што им налага називот: да се грижат за јавната безбедност.