Апасиев: Шефот на скопското ЈО избран во време на ДПМНЕ чува 30 кривични против владини функционери
Денес Левица во соопштение до јавноста сподели дека од партијата е поднесена уште една кривична пријава против актуелниот заменик-министер за труд и социјална политика – Енвер Хусејн за сторено кривично дело против службената должност – „Фалсификување службена исправа“, казниво по чл. 361 од Кривичниот законик, за кое е запретена затворска казна до пет години.
За жал огромен дел од поднесените кривични пријави од Левица не се процисуираат. Како што велат тие, главна причина за ова е соработката и меѓусебното амнестирање на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ. Претседателот на партијата кој ја сподели објавата за кривичната пријава поднесена денес и соопшти дека Гаврил Бубевски, шефот на Скопското јавно обвинителство чува 30 кривични предмети иницирани од Левица против владини функционери.
Како што сподели Апасиев, овој обвинител е избран во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Гаврил БУБЕВСКИ, шефот на Скопското јавно обвинителство (кој беше избран во време на Грујо со пусулче од Општински комитет на ДПМНЕ) – чува 30 кривични предмети иницирани од Левица против владини функционери!