Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува наместо да опаѓа?
Смртноста на болните од рак наместо да опаѓа, загрижувачки се зголемува. Статистиките за претходните неколку години покажуваат дека во 2019 година од канцер починале 3801 пацинет, во 2020 борбата со болеста ја изгубиле 3913 луѓе, а во 2021 бројката на смртност стагнирала, и е слична со претходната година, починале 2914 болни од рак. Тука се поставува дилемата, зошто бројката на починати од опасната болест се зголемува, откако во 2019 година здравствените власти набавијабилошка терапија за сите онколошки пациенти.
За ова алармираше и професорот Драган Даниловски. Твој на социјалните мрежи пишува:
“Ако во 2019 година е набавена биолошката терапија за болните од малигни заболувања, смртноста во 2020 и 2021 година би требало значајно да опаѓа”пишува Даниловски.
И додека јавноста чека епилог од скандалот на “Онкологија”, и сите очи се вперени на случувањата на клиниката, и во останатите јавни здравствени установи не е многу поразлично,пацинети се жалат дека за да добијат термин поминубваат месеци, а потоа со часови чекаат за преглед. Имаше и такви револтирани и гневни кои обвинија дека јавното здравство врие од корупција.
Инаку за аферата на Онкологија, продолжува предистражната постапка. Докази засега нема. Обвинителството ќе соработува со тројца пацинети за да имаат увид во целата постапка за скандалот. Изборот за тоа кои ќе бидат тие пациенти не е завршен, велат од неформалната група која ја поднесе ваквата иницијатива до обвинителството, а тоа експресно ја прифати.
Преземено од Алфа.мк – Ања Лукарова