АктуелноЛокално

Ковачевски не го спомна името Македонија во најавата за одбележување на Денот на независноста

Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека оправдано ја носи титулата Октроиран премиер, доделена од широките народни маси, откако во објавата за одбележување на Денот на независноста, ниту еднаш не го спомена името Македонија. Во објавата тој ги користеше термините „нашата држава“, „татковината“, „земја“, и „нашиот дом“. Секако премиерот не ги спомена ниту Македонците, но не заборави да повика за „европска иднина“.

Дополнително, Ковачевски сподели дека „Денот на независноста“ ќе биде одбележан под мотото „Гласник на слободата“ – веројатно ова мото е инспирирано по вчерашните измени во КЗ, со кој голем број политичари од партиите на тројниот пакт (СДС, ДПМНЕ и ДУИ) се ослободуваат од судските процеси и изречените казни за најразлични форми на криминал.

  • Во прилог текстот од неговата објава:

Годинава одбележуваме 32 години независност на нашата држава. И денес, после историскиот референдум, се уште го негуваме вековниот завет за нашата татковина како слободна, независна и самостојна држава во која место под сонцето има за сите кои живеат и творат тука, на ова парче земја кое е наш дом.

Водени од оваа идеја, храбро и одлучно продолжуваме заедно и сплотени да ја реализираме визијата за создавање на европска иднина за сите наши граѓани.

Ве поканувам заедно да го одбележиме големиот државен празник 8 Септември – Денот на независноста, под мотото „Гласник на слободата“, за што се предвидени повеќе настани и активности низ целата држава.