Апасиев: Тројца актуелни претеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со измени на КЗ

Откако на вчерашната Седница во Собранието ДПМНЕ направи кворум за амнестија на криминалот, заедно со СДС и ДУИ, за измени во КЗ преку кои се намалуваат казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување, за кое пратеникот Апасиев соопшти дека тоа договор помеѓу овие три партии, денес пратеникот соопшти дека со овие измени се амнестирани и актуелни пратеници на ДПМНЕ.

Тројца актуелни претеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со вчерашните измени на КЗ. Уште пет и “Бугари у Устав”! – Соопшти Апасиев

Во меѓувреме, за јавноста стана познато дека со измените, каде затворските казни за овие кривични дела значително се менуваат, веднаш се прекинува и кривичното гонење на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев за кинеските автобуси, за што првостепена пресуда треба да има денеска, потоа на Сашо Мијалков во „Тврдина-Таргет”, а најверојатно и во „Трезор” за кои апелационите судии Енвер Беџети и Лирије Елези со чување во фиока се погрижија да помогнат во истекот на време, т.е. во застарувањето.

Натаму, Миле Јанакиески и сообвинетите или другите осудени, се ослободуваат од случаите „Топлик” и „ТНТ”.

Во суд веќе не мора да одат ни пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, ни Љупчо Димовски од Социјалистичка партија, партнерка на ВМРО-ДПМНЕ. Милошоски и татко му на раат ќе си располагаат со општинската зграда за која беа обвинети дека незаконски ја присвоиле за себе.