АктуелноЛокалноНастани

Фестивалот “Звукот на Скопје“ 2023 на повеќе локации во Скопје

На 15 септември (петок) започнува овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“, а локациите, исто како и минатата година, се Плоштадот „Мајка Тереза“ (платото пред МОБ) и паркот Ибни Пајко.

„Звукот на Скопје“ во организација на Културно информартивен центар – Скопје, значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште.
Простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи кој сѐ уште ја бараат довербата од публиката. Минатата година ја видовме незаменливата КОНСТРАКТА, а за оваа година исто така е подготвена возбудлива програма и за најпрефинетите музички вкусови.

На сцената на Плоштад Мајка Тереза ке настапат Фолтин ,Natalee, Siz и KEM.

На сцената на Парк Ибни Пајко ке настапат Dimish, Zanadu и Стој, После.

На сцената на Кулпарк (пред КИЦ) ке биде отворено летно кино, додека пак во продажниот салон КИЦ ке биде отворена изложба на фотографии.

Фестивалот е дел од проектот “Скопје – кандидат за Европска престолнина на културата 2028”.