АктуелноЛокално

Ја изгубив мајка ми, по три дена хемотерапија клапна и почина, не ми е јасно што и дадоа – сведоштво на граѓанин

Пред недела дена изгубив мајка од рак на белите дробови. И најдоа карцином, под итно беше пренесена на Онкологија. Беше карпа од човек. После три дена хемотерапија клапна и почина. Не ми е јасно што и дадоа. За седум дена се претвори во жив мртовец.

Ова е дел од сведоштвото на син кој ја изгубил својата мајка кој денеска дојде на протест.

– Оваа Влада, Министерство за здравство и Онкологија, се мафија. На човек што секој ден му се брои и на крај ќе се најдат некои убијци да го уништат животот за пари. Нашиот таканарачен премиер рече секој ќе одговара, не ми е јасно, покрај сите работи, никој за ништо нема одговарано.

Во овие седум години додека се на власт, ништо немаат направено. За мојата мајка не успеав да се изборам, но ќе се изборам за сите други. Ако власта не може да се справи со корумпираните доктори, народот може, порача еден од граѓаните кои дојдоа на протестот по скандалот на Клиниката за онкологија.