АктуелноЛокално

(Фотогалерија) „Убијци и крадци“, „Убијци за профит“ – пораки од протестот

На вчерашниот протест се собраа стотици граѓани заеднички да го искажат револтот и да им порачаат на надлежните и осомничените од Онкологија дека правда за жрвите и одговорност мора да има.


„СДСМ и ДУИ – канцерот на Македонија“, „Убијци и крадци“, „Убијци за профит“, „Немам врски, немам лек“, „Ова ви е последна доза“ се само дел од пораките што беа испратени на вчерашниот протест.

Граѓаните протестираа прво пред Владата, а потоа и пред Јавното обвинителство. Побарана беше одговорност и оставка од тројцата последни министри за здравство.На протестот својот револт го искажаа и најблиските на некои од жрвите и своите сомнежи за терапијата што ја примале.