АктуелноЛокално

Мустафаоглу: Патриотизмот на ДПМНЕ и приватизацијата на ФК Македонија Ѓорче Петров

  • Фејсбук статус на Дарја Мустафаоглу – Советник од Левица во Општина Ѓорче Петров

Криминалот и предавништвото се нераскинлив дел од вас, па затоа, Левица нема никаква потреба да шири лажни вести или да ствара беспотребна паника. Веројатноста дека бугарски капитал ќе влезе во ФК Македонија Ѓорче Петров 1932, се зборови на советник од ДПМНЕ!

18 август 2023, Комисија за Статут и прописи, точка на Дневен ред меѓудругото е оттуѓувањето на акциите на Општината во Клубот коишто се со номинална вредност од 100 ЕУР по акција, советник од ДПМНЕ истакнува, ЦИТИРАМ:

„Кој ќе ги купи по 100 евра, ја не верувам дека ќе ги купи некој ама ај… освен ако си бугарска фондација иначе кој би ги купил овие акции… па да бидеме реални…“. И потоа советникот глатко си гласа ЗА ваквата Одлука. Постојат снимки, стенографски белешки.

На страна тоа, фактот што Одлуката беше подготвена од секторот за финансии (иако се тврди дека се предлага заради “поддршка и развој на спортот“), и фактот што од одделението за спорт не беа ниту известени, а не па консултирани за ваква Одлука – треба да ви говори доволно која е намерата.

Од одделението за спорт буквално беше истакнато дека оваа Одлука НЕМА ВРСКА СО СПОРТОТ.

На страна нивните матни бизнис намери, да видиме што значи, опипливо, Општината да нема акции…

Кога Општината веќе нема акции, значи дека ФК Македонија Ѓорче Петров нема да биде ослободен од плаќање на термини за тренинзи, користење на стадионот Млади Лавови. Оттуѓувањето на општинските акции значи дека доколку ФК Македонија Ѓорче Петров тропне на вратите на Општината и каже дека итно му требаат пари, дека е пред пропаѓање – Општината нема да може да помогне затоа што Правилникот за доделување финансиски средства на клубови тоа не го дозволува!

Немањето акции значи отсуство на секаква контрола од страна на Општината и значително намалена поддршка!
Левица е во Советите, па затоа, како што ветивме, веќе ништо не останува скриено зад вратите. Граѓаните треба да знаат кого плаќаат и како нивните претставници (не) си ја вршат нивната должност.

Разбирлив ми е гневот на ДПМНЕ – до гуша се заглавени, паника ги обзема што сѐ искача на виделина, што ништо не им поминува така глатко.