Ханс-Дитер Сил: Die Linke молчи за националистичките и фашистичките тенденции во Украина
Разговор со Ханс-Дитер Сил, член на окружното здружение на Die Linke во областа Росток. Тој е исто и почесен професор по математика на Универзитетот во Росток.
ЈW: На крајот на Април, вашиот локален огранок испрати писмо до извршната власт на партијата, ПВ на Die Linke поради длабока загриженост за зачувување на антифашистичкиот карактер на вашата партија. Која беше точната причина за ова писмо?
Сил: Имаше воглавно две причини. Првата причина е незадоволството во локалната власт, а исто така и во окружната извршна власт на која и припаѓам, за молкот на ПВ за националистичките и фашистичките тенденции во Украина во комбинација со нереалните барања за прекинот на војната и второ, речиси целосниот молк на медиумите за овие тенденции како и молкот и во најголемите дневни весници.
Освен неколку навестувања во Neues Deitschland, Junge Welt е единствениот весник кој известува отворено и технички добро. Овие извештаи за фашистичките појави ги следев со голем гнев. Конечниот поттик за мојата иницијатива беа два написи од Сузан Вит-Штал во Јунге Велт од 22-ри Март 2023 година, во кои таа напиша за воскитта и почитта на една од најкрвожедните борбени единици на Вафен СС, Штурмбригадата Дирлевангер, во Украина.
Постапките на овие фашисти ги слави мрежата на мизантропска дивизија, која исто така циркулира фотографии од “болшевички сафари” со мртви “подлуѓе”.