Исмаил: Антикомунизмот е последна и највисока фаза на антимакедонизмот
Став на Реџеп Исмаил – Хактан – Член на Президиумот на Левица
Несомнено дека последниве 30 години Македонија, делче по делче, како бразда по бразда, бива разорувана преку практично-политички одлуки донесени и спроведени од страна на политичката елита. И тука разликата помеѓу народот и неговиот политички естаблишмент е огромна: Народот страда, дури до таму што неговата сопствена држава постанува и негов џелат, додека пак од друга страна, естаблишментот ги собира плодовите од сработеното, и тоа берба по берба, редум, после одумирањето на секој еден од историските елементи (духовни и материјални) на тој народ и во нив садистички ужива.
За разлика од ваквата, удобствена двојба помеѓу македонскиот народ и неговиот политички естаблишмент, за жал, на идејно ниво, тој, преку корумпираниста на другите страти (економски, уметнички, културно-образовни, па дури и научни и спротски) создадени како тампон зона помеѓу него и неговиот политички естаблишмент, бива инфициран со иста болест како и неговата политичка елита – заразен со анти-комунизам! И токму ова е вирусот кој вирее помеѓу македонскиот народ а преку кој, како со папочна врвца е врзан за неговата/сопствена трагична судбина – идентитетско одумирање низ тешко збивање до самозадушување од исцрпеност движејќи се кон зајдисонцето по нагорната патека на историјата.
Иста болест два различни симптома: кај естаблишментот хепинес кај народецот крвопиј. Во потрага по лекот и Екимот, кон кој се ита следејќи го зајдисонцето, навидум секогаш изгледа различно. Односно, отровот, анти-комунизамот, се приготвува и сервира во зависност од историските прилики и потреби на вампирот прикриен во бел мантил и дебели ракавици : некогаш тој е анти-југословенски, некогаш анти-српски, друг пат анти-советски, трет пат анти-кинески, анти-источњачки и слично. Во оваа вилатеска доба, на македонскиот народ, отровот како лек за неговиот вирус се дава на сркање приготвен како русо-мржнја, а поретко веќе може да се сретне и како анти-православен, анти-јулиански. Кај и да е, неговата последна доза ќе се појави и како славјано-геноциден.
Но зарем историјат не ве научи дека тој отров фаќа се помалку и помалку, имуни сме на него, премногу пати ни има поминато низ желудец, се сеќавата?: …Западен Рим, крстоносци, Наполеон, Бизмарк, Хитлер. На Исток, лебенс-раум за вас никогаш не се отворило, па нема ни сега! Па не сме валјда заборавиле?! Што вика една арапска поговорка: а како би кога на секој чекор гледаме ѓубре.