Крмов: Посетата на Ескобар е ново мешање во внатрешните работи на Република Македонија

„Дипломатот кој Македонците ги нарече „православни луѓе“, доаѓа во Скопје да врши притисок за уставни промени“, напиша пратеникот Крмов откако вчера беше најавена посетата на Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар.

Крмов оваа посета ја оцени како грубо мешање во внатрешните работи од страна на земјата која се промовира како наш стратешки партнер.

По којзнае кој пат, бесрамно мешање во внатрешните работи на Република Македонија од страна на САД, ама не гледајте таму, ништо не се случува, продолжете да барате „руско влијание“.

Според пратеникот од редовите на Левица, овој ешалон политичари си спроведуваат своја агенда која не совпаѓа со интересите на Македонија и додаде дека е дојдено време за политичка гарнитура на која главни ќе и бидат интересите на државата.

Трет ешалон од Стејт департментот е „булдожер“ за македонската политика. Време е конечно за политичари кои ја ставаат Македонија на прво место и не се плашат од бирократите на Брисел и Вашингтон.