Ванковска: Живееме во ера на нова циклична криза на капитализамот
- Фејсбук статус на Билјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка на Филозофскиот факултет во Скопје
За помладите е можеби добро да прочитаат нешто за значењето на ТИНА принципот – There Is No Alternative. Таа се поврзува со политиките на Маргарет Тачер од 70-те но влезе во широка употреба кога треба да се нагласи хегемонијата и наметнувањето на САМО ЕДНА опција – неолибералната (што ги вклучува НАТО, ЕУ, СБ, ММФ, итн).
Самата флоскула е бесмислена, бидејќи зборот алтернатива претпоставува најмалку избор помеѓу две нешта. А безалтернативноста е диктат, таа е рамна на фатализам. Ако не влеземе во ЕУ, тогаш доаѓа крајот на светот (икли барем на Македонија). Прогресивните леви сили на Западаот одамна излегоа со одговор на ТИНА во вид на ТАТА – There Are Thousand Alternatives! Тоа бара визија, одлучност, креативност, одбивање на догми и свети „книги“, дефетизам и фатализам.
Западот (и ние по него) како папагал повторува – ТИНА, додека го подига прстот со кој се заканува. За тоа време светот се менува позабрзано од кога било порано. Времето на ТИНА, на западниот хегемонизам и милитантен империјализам измина. Доаѓа тешко време на премин од старото кон новото, време кое Грамши го нарече време на монструми. За жал, ние сме сведоци на тоа време, но и актери кои можат да се вклучат во промените.
ТИНА не’ доведе до еколошки и социјално неодржлив свет на раб на нукеларна војна. Да беше таа „алтернатива“ добра резултатите ќе беа инакви, но таа не може ни да биде таква – Маркс одамна го откри законот на цикличните кризи на капитализамот. Неговат смрт се содржи во неговите темели, како уроборос се јаде себе си.