АктуелноЛокално

Исмаил: Историската комисија да признае ревизионизам и да си поднесе оставка

Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, смета дека „Историската комисија“ која ги решава „разликите“ помеѓу македонската и бугарската историја врши груб ревизионизам и штимање на историјата, каде единствен начин за да ги заштитат интересите на Македонија е да си поднесат оставка и престанат да постојат.

Најбрз, најефикасен и најбезболен начин да се прекине сагава со Бугарија е членовите на Историската комисија од македонска страна да излезат и да обзнанат и си признаат дека штимањето на историјата што го прават со нивните колеги Бугари е бесмислица и груб ревизионизам, и да си поднесат оставка – напиша Исмаил.

Според него, на овој начин политичките чинители кои заговараат уставни измени ќе ја загубат клучната алатка за вршење притисок врз Македонија.

На тој начи, сите политички чинители на Македонија, кои заговараат промена на устав, ќе ги остават политички соголени, а за небулозата со бугарските нео-фашистички хирови ќе дознае и ќе се запознае пошироката светска и европска јавност, што ќе го префрли притисокот кон ЕУ, а не кон Македонија – додаде членот на Президиумот на Левица.