АктуелноИнтернационално

Нигер се спаси од воена интервенција

Советот за мир и безбедност (PSC) на Африканската Унија се изјасни против интервенција на вооружени трупи во Нигер за ослободување на соборениот претседател Мохамед Базум и за враќање на уставниот поредок, објави францускиот весник Ле Монд.

Ова доаѓа откако PSC се состана во етиопскиот главен град Адис Абеба за да разговара за ситуацијата во Ниамеј и напорите за нејзино решавање.

Базум беше соборен на 26 јули од членовите на неговата претседателска гарда, предизвикувајќи гнев кај западните нации и регионалните влади, кои повикаа на поништување на државниот удар.

Минатата недела Регионалниот блок на Западна Африка ECOWAS одобри активирање на стенд-бај сили за потенцијална употреба против водачите на пучот, при што армиските началници на блокот се состанаа за да се подготват за воена интервенција доколку преговорите не успеат.

Сепак, PSC, телото одговорно за одлучување за прашања за решавање на конфликти во Африка, одлучи да се огради од употребата на сила во Нијамеј, според дипломатски извори на кои се повикува Ле Монд.

Одлуката била донесена на состанок во напнатата атмосвера која трела повеќе од десет часа.

Пол-Симон Хенди, висок советник за политика во Институтот за безбедносни студии, изјави за Ле Монд дека на ЕКОВАС ќе му биде тешко да започне воена офанзива во Нијамеј без одобрение од Африканската Унија.