Кинеските научници развија ласерско оружје кое може да работи непрекинато

Date:

Кинеските воени научници објавија пронајдок што би можел да му овозможи на Пекинг да развие високо-енергетски ласерски оружја што можат да пукаат онолку долго колку што сакаат нивните оператори, без прекини и без никаква деградација на перформансите.

Научниците од Националниот универзитет за одбранбена технологија во Чангша ги објавија резултатите од нивното истражување на почетокот на овој месец во стручното списание „Acta Optica Sinica“. Тие тврдат дека развиле нов систем за ладење кој овозможува „неограничена“ работа на високоенергетски ласери, без никакво прегревање.

„Ова е огромен напредок во подобрувањето на перформансите на високоенергетските ласерски системи“, велат научниците. „Не само што можат да се произведат висококвалитетни зраци во првата секунда, туку тие се одржуваат на неодредено време, што до сега беше невозможно.

Системот за ладење го контролира протокот на гас за да ја отстрани топлината од внатрешноста на ласерското оружје, спречувајќи вибрации и неисправност. Тоа би можело да овозможи подолга работа, зголемен дострел и поголема огнена моќ, велат научниците. Тие забележаа дека 60 години по пронаоѓањето на првиот ласер, развивачите на оружје не биле во можност да создадат нешто слично.

Некои од најистакнатите американски проекти за ласерско оружје се откажани, и покрај тоа што целите при пробите биле соборени за време на тестирањето. „Вистинската причина за откажувањето на овие проекти е што нивната деструктивна моќ не ги исполни очекувањата“, велат кинеските научници. Потребни се подолги, континуирани работни времиња за да се прошири опсегот на ласерско оружје над неколку километри, објаснија тие. Сето ова со новиот пронајдок е веќе можно.

Пекинг има намера ваквото оружје да го користи против беспилотни летала, проектили и авиони . Тие исто така би можеле да се користат за таргетирање на сателити, попречувајќи ги непријателските комуникации, навигација и надзор.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...