Левица: Гевгелискиот градоначалник части сопартиец од ДПМНЕ со милионски тендер

  • Реакција на Левица – ЛО Гевгелија

Гевгелискиот градоначалник, Сарамандов, му дал тендер од над осум милиони денари на својот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски.

Тендерот во вредност од 8 253 864 денари, Сарамандов го дал на Ивица Томовски, односно на неговата компанија “Сити логистик”, а со цел реконструкција на Домот во Прдејци.

На Томовски, кој на сликата држи прес во “Белата палата”, не му е прв пат да се омрси со државни пари. Тој државни пари во милионски суми добивал и од “Електрани на Македонија” во времето кога таму директор беше Христијан Мицковски.

Општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ се претворени во машинерија за испумпување пари во корист на функционерите и елитата од друштвото на Мицковски, а Општина Гевгелија не е исклучок!