Соопштение на Централниот комитет на АНТАРСИА за Договорот Ципрас-Заев

Интернационалистичко антикапиталистичко НЕ на Договорот Ципрас-Заев

1. Договорот меѓу Владите на Грција и Република Македонија е договор што е составен дел и служи за опасните планови на САД и на ЕУ за евро-атланска интеграција на Балканот и во овој контекст целта на грчката владејачка класа е да преземе уште еден чекор да стане „упориште“ на империјализмот во регионот, додека служи на сопствените автономни интереси, економски, политички и идеолошки. Во оваа смисла, од самиот почеток Договорот има реакционерна суштина и може да му се спротивстави само масовно движење на работниците и на борбената левица.

Договорот не го отвори патот за мирно решавање на споровите и креативниот соживот на народите”, како што тврдат Ципрас и Коѕиас. Империјалистичките сојузи и учеството во нив никогаш не обезбедија мир. Напротив, тие се уште еден фактор на нестабилност, зајакнување на антагонизмот на економското и геополитичкото влијание на капиталистичките центри (САД-Русија-ЕУ) и соседните држави (главно Грција, Турција).

Во практиката ја отсликува доминантната улога на империјалистичките држави и нивните сојузници (НАТО, ЕУ), но исто така и напорите на грчката буржоазија да ја „деградира” соседната земја. Овие понижувачки изнудувања и демонстрација на моќ наместо мир тие ги негуваат националистичките сомнежи меѓу народите и го отвораат патот за идните ангажмани во империјалистичките интервенции во контекст на ривалства за контрола на Западниот Балкан.

2. Реакционерското националистичко НЕ е промовирано од буржоаските интереси, црквата, разните„бранители на Македонија“ (во смисла на „Македонија е Грција“, заб. на прев.) и екстремно десничарски и фашистички центри. Опасната реторика и националистичките протести се одвиваат од естаблишментот (политичарите, медиумите, свештенството, економските фактори итн) и се поткопува климата на мирен соживот, а се плодна почва за оживување на нацистичката Златна зора и сите видови на екстремна десница на улица. Работничката класа, младината и левицата треба да остане отворен фронт против национализмот и фашизмот како и да не се дозволи реакционерите да се мобилизираат заради името со одбивање на Договорот. АНТАРСИА борбено застана против националистичките митинзи во јануари-февруари и ќе го направи тоа повторно.

Нашето НЕ е поставено од гледна точка на мирот, солидарноста, антиимперијалистичката борба, почитувањето на народите, правото на самоопределување, како антитеза на НЕ поставено од националистите – патриотите, крајната десница, чие НЕ е за војна, омраза, за фашизам, кое е поставено од позициите на Македонија е една и грчка“, односно тоа е ДА за во НАТО, ЕУ, за грчката владејачка класа.

3. Како и да го нарекуваат Киријакос Мицотакис и Фофи Гениматос, Коѕиас е верен продолжувач на политиката на НД-ПАСОК за „македонскиот проблем“. Нивната опозиција е целосно интегрирана со линијата на НАТО, бидејќи не се оспорува ниту пристапот и придржувањето кон ЕУ и НАТО на Грција, туку наместо тоа бара да биде избор на сметка на соседните земји. Тоа е струјата ДА за референдумот, за татковината, која сега се чини дека е „патриотска“ кон соседната држава.

4. Договорот за Ципрас-Заев исто така не е „прогресивна“ противтежа за срамот на меморандумот на Новите закони што произлегуваат од Меморандумот, како што сакаа да прикажат со владините пропаганди. Тоа се две страни на истиот притисок на грчкиот капитализам да се наметне товарот од кризата врз работниците и надвор од границата. Цената на амбициите и аспирациите на владејачката класа, кому ропски му слугува Владата на Ципрас, повикува да се плати од страна на работничката класа и младите. Со поскапување на добрата, а во исто време стагнација на платите, пензиите, приходи од авторски права, се обезбедува буџетска „суперсила“. Политиката на Меморандумот за разбирање и приватизација е програма на владејачката класа за целиот Балкан. Во исто време владата ја приватизира ДЕИ (јавна електродистрибуција, заб. на прев.), ДЕИ е купено од страна на ЕДС (приватна компанија за дистрибуција на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, Албанија, – од македонската групација Фероинвест, заб. на прев.)!

5. Задачата на борбената левица е да ја води борбата против „македономахите“ на екстремната десница, против владата и евроатланскиот империјализам, а не „да го ризикува иредентизмот на БЈРМ“ (се мисли на ставот на Комунистичката партија на Грција, како и сите партии кои потекнуваат од Сириза, заб. на прев.), со отворено дотурање вода во мелницата на националистичките предрасуди или уште полошо да развива односи со силите со националистичка ориентација.

6. Тоа е причината зошто во овие околности императив е обединувачко, антивоено, антиимперијалистичко, антинационалистичко и интернационалистичко движење, со пионерски придонес на борбената левица. Движење што ќе се бори НАТО и ЕУ да го напуштат Балканот. За мирен соживот на народите, против плановите и интересите на империјализмот, буржоазијата и национализмот.  Против империјалистичката погранична репатријација на регионот, неуспехот да се интегрира „Република Македонија“ во НАТО и во ЕУ и повлекување на Грција од тоа. За правото на соседните народи на самоопределување без „кумови“ на Балканот, локално и меѓународно, подалеку од национализмот, почитување на мултинационалниот карактер на историскиот географски регион на Македонија.

Мир со соседните народи, војна на Меморандумите и капиталот, и на војската, домашна и меѓународна, кои сеат сиромаштија тука и по  целиот Балкан.

Работниците на Балканот се наши браќа, а не „кумови“ на Балканот! На капиталистичката дипломатија на Ципрас ние реагираме со штрајкови и демонстрации.

За таа цел, значајно придонесува акцијата на АНТАРСИА, интервенцијата во масовното движење и растечката обединетата антивоена иницијатива.

(превод АА на ΔΙΕΘΝΙΣΤΙΚΟ – ΑΝΤΙΜΠΕΡΙΑΛΙΣΤΙΚΟ ΟΧΙ ΣΤΗ ΣΥΜΦΩΝΙΑ ΤΣΙΠΡΑ – ΖΑΕΦ , 15 јуни 2018)

Преземено од Нова Искра.