Остварена иницијативата на Левица, обезбеден е нов кош за децата од „Големиот паркинг“

  • Соопштение на Левица – ЛО Штип

На 1 јуни 2023 година беше поднесена Иницијатива до Советот на Општина Штип за обезбедување на нова табла и обрач за импровизираното детско игралиште во населбата Сењак.

Бидејќи пред 10тина години таблата била поставена од страна на #Општина_Штип, сосема легитимно беше барањето за обновување на дотрајаната и стара табла.

Вообичаено, предлогот на Советникот од Левица не беше поддржан од страна на мнозинството советници и инивијативата не се ни постави на дневен ред.

Во меѓувреме, се направи координација помеѓу советникот Михајловски, членовите и активисти на #Левица, заедно со жителите од околните згради. Беше отстранета старата метална конструкција како и дотраената дрвена табла и со сопствени средства се започна со работа на новата табла во старата конструкција.

Денес резултатот е видлив. Нов кош за маалските деца и повторно насмеани детски лица.