(Видео) Дачиќ: Ако нема Срби во Бугарија, нема ни Бугари во Србија

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека ако Бугарија не го признава српско малцинство, тогаш и во Србија нема Бугари.

„Бугарија не ги признава националните малцинства, но за сметка на тоа постојано се буни за лошата положба на Бугарите во Србија. Кога ние ќе ги спомнеме Србите во Бугарија ни велат ‘нема Срби во Бугарија’. Ние сега треба да кажеме нема Бугари во Србија. Тогаш нема да има проблеми со бугарското малцинство„ – вели Дачиќ.

Бугарските медиуми, очекувано, ваквата негова изјава ја пренесуваат како уште една провокација на Дачиќ во однос на Бугарија.

„За какви внатрешни работи се зборува денес во Европската Унија. некои Бугари кои се само во Србија 0,26 отсто од нашето население. Толку има Бугари во Србија. Но, на секој состанок на Европскиот совет, Бугарија го поставува прашањето за правата на бугарското национално малцинство?, изјави Дачиќ на почетокот на јануари 2020 година на српската државна телевизија, потсетуваат бугарските портали.