АктуелноЛокално

(Видео) Крмов: Премиерот е „тенок на нерви“ – Трет месец Левица нема поставено пратеничко прашање

  • Процедурално обраќање на пратеникот Борислав КРМОВ до потпретседателот на Собрание, Горан Мисовски.

„Потпретседателе на Собрание, Ви се обраќам вас. Неразбирливо е зошто намерно се крати времето на седниците за пратенички прашања. Тенденцијата е да се заштити премиерот и да не му се поставуваат незгодни прашања, затоа што очигледно, премиерот е малку “тенок на нерви”.

Со Вашето одолговлекување на седницата, најгрубо го КРШИТЕ правото на пратениците кои не се организирани во пратеничка група (тоа се пратениците на Левица) да поставуваат пратенички прашања. Ние веќе трет месец чекаме да поставиме пратеничко прашање!

Вие не сте потпретседател на Премиерот или на пратеничката група на СДСМ – Вие сте Потпретседател на сите нас тука и Ве молам да внимавате како ја водите седницата за ние да ги оствариме нашите загарантирани деловнички права.”