Фестивал на локална храна и локален развој во Валандово

На 28ми мај, во недела, иницијативата „Спас за Валандово“ Ве поканува да присуствувате Вие и Вашите најмили на манифестацијата на која ќе бидат изложени локални производи и преработки од истите, ликовни творби изработени од најмладите, музички перформанси на локални изведувачи, и да присуствувате на трибината каде ќе учествуваат експерти од областа на животната средина, екологијата, економијата, здравството, земјоделието и други.

Иницијативата е дел од кампањата „Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Со оваа манифестација тие сакаат да го промовираат Валандовскиот регион како регион за производство на еколошко чиста храна и локални производи.

ПРОГРАМА НА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЛОКАЛНА ХРАНА И ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ
недела – 28ми мај, парк Пеонија, Валандово

12:00-13:00 Поставување на штандови
13:00-13:15 Отварање на Фестивалот
13:15-14:30 Експертска трибина
14:30-14:45 Претставување на излагачи на локални производи
14:45-15:00 Најава на забавниот дел од програмата:
изложба на уметнички творби, детска програма и музички перформанси
15:00-17:00 Дегустација на локални производи, работилници за деца и музички перформанси на локални бендови
17:00-17:30 Затварање на Фестивалот