Започнаа воените вежби на Русија и НР Кина во Јпаонското Море

 Кинеска поморска флота денеска отплови од источниот град Кингдао кон Јапонското Море, каде ќе им се приклучи на руските поморски и воени сили, со цел да изврши воени вежби со цел „зачувување на безбедноста на стратешките пловни патишта“

Кинеска поморска флота денеска отплови од источниот град Кингдао кон Јапонското Море, каде ќе им се приклучи на руските поморски и воени сили, со цел да изврши воени вежби со цел „зачувување на безбедноста на стратешките пловни патишта“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Пет кинески воени бродови и четири хеликоптери учествуваат во вежбата наречена „Северна/Интеракција-2023“, која тргна на „рандеву со руските сили на однапред одредена локација“, објави кинеското Министерство на својот официјален профил на WeChat.

Во саботата, Министерството објави дека руските поморски и воздушни сили ќе учествуваат на вежба одржана во Јапонското Море и ова ќе биде првпат руските воздушни и поморски сили заеднички да учествуваат на вежбата, пишува кинескиот Глобал Тајмс.

Руските воени бродови „Громки“ и „Савјершени“, кои учествуваат на вежбите, извршија одделни вежби со кинеската морнарица во Шангај претходно овој месец.