Слезенковски: 80% од државниот апарат е нефункционален – Затоа косовскиот капитал зема сѐ поголем во Македонија

  • Став на Кирил Слезенковски – Координатор на Левица – Сектор Политичка економија, по однос на случајот „Соравија“, односно купувањето на трговскиот центар од страна на внукот на Ахмети, како и се поголемото откупување на бизниси во Македонија од страна на „косовски инвеститори“.

Воопшто не треба да не зачудува купувањето на Соравија и проширувањето на капиталот на луѓето околу Ахмети и Дуи.
Целокупното проширувањето и “инвестирање” на албанскиот и косовскиот капитал во Македонија зема сѐ поголем замав и раст во последните години, а Соравија се користи само како аларм за тоа што ќе се случува во иднина.

Зарем навистина ќе очекуваме дека случајот со купувањето на Соравија ќе има некаква разврска кога функционерите кои се одговорни за сузбивање на вакви дејствија се директен производ на Али Ахмети и Дуи?

Ваквите случки за купување на имот и бизниси од страна на албански и косовски “бизнисмени” не треба да нѐ изненадува.

Вива Фреш (Косово) со официјалното купувањето на Кит Го на 31.05.2023 година контролира 13.3% од пазарот за малопродажба во Македонија, а што би се случило ако се откупи и Тинекс на Тодоровиќ?

Овие “инвестиции” кои се производ од нелегални дејствија наскоро ќе контролираат поголем дел од сите индустриски сектори во државата.

80% од државниот апарат е нефункционален и непрофесионален производ на Ахмети и ДУИ кои длабоко навлегоа во извршната и законодавна власт.

Залудно е да очекуваме разврска или отпочнување на дејствија против сопствениот кадар на ДУИ кој опустошува 30 години наназад доколку самите не одлучиме да го направиме првиот чекор.