АктуелноЛокално

Јанески: СДСМ и ДПМНЕ не се власт и опозиција, туку конкуренција за поделба на тендери

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се конкуренција за поделба на тендери, не власт и опозиcија, пишува претседателот на младината на Левица, Марио Јанески. Според него, што се однесува до националната политика и државните интереси, овие партии речиси и да немаат некакви суштински разлики во своите видувања и додаде дека ВМРО бара 61 пратеник, не за Македонија, туку за одредена група на луѓе да накалемат богатство. Тој ова сликовито го објасни преку ставот на ДПМНЕ по однос на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав:

-Чекор 1: Бугари во устав никогаш!

Чекор 2: Бугари во устав под овие околности не!

Чекор 3: Бугари во устав со хрватскиот модел!

Чекор 4: Бугари во устав само со ДУИ надвор од Влада!

Чекор 5: Бугари во устав со одложено дејство!

Чекор 6: Понуда за широка коалиција со СДС!

Чекор 7: Напади кон Левица наместо кон СДС!

Чекор 8: Дополни во коментар

Зарем е тешко да ги предвидите следните чекори? Зарем е тешко да видите дека СДС и ВМРО не се власт и опозиција, туку конкуренција? Конкуренција за поделба на тендери, грантови, концесии и слично.

Кое предавство во Македонија поминало без амин од двете партии?

Затоа ВМРО ја напаѓа Левица. Оти е опозиција, која може да му го загрози бизнисот на раководството. ВМРО бара 61 пратеник, не за Македонија, туку за одредена група на луѓе да накалемат богатство, додека членството кое се пали на четирите букви е во лажна илузија дека тоа е борба за Македонија. – напиша Јанески на Фејсбук.