АктуелноИнтернационално

Левица: Владата на СДСМ и ДУИ државата ја прават директен учесник во немирите на КиМ

  • Реакција на Политичката партија Левица

Изминатите неколку месеци често сме сведоци на тоа како приштинските власти, на чело со Аљбин Курти, предизвикуваат нестабилност на северот на КиМ со тоа што спроведува репресивни политики вршејќи класично насилство над мирното српско население во КиМ.

Репресии врз населението кое се обидува да ги заштити своите основни права на северот од Косово и Метохија би биле тешко возможни доколку не постоеше империјалистичката маша на КФОР. Имено, во многу наврати припадниците на КФОР употребуваа прекумерена сила за да ги задушат протестирачите кои легитимно се бореа за своите права погазени од репресивната власт, застанувајќи на страната на посилните и вооружените, а против обичниот народ.

Владата на СДС и ДУИ мината недела донесе одлука за испраќање на 31 припадник на македонската армија да учествуваат во „операцијата КФОР на КиМ, во период од 6 месеци“! Со ваквата одлука, марионетската Влада го продолжува директното учество во репресиите врз српскиот народ на Косово и Метохија, репресија која се спроведува во корелација и под палката на нашите „стратешките партнери“.

Левица, како и над деведесет проценти од македонското население, го осудува ваквиот потег на Владата. Македонија не смее да зазема страна во ваков конфликт, уште помалку да биде соучесник во репресиите кои ги врши воената алијанса.

Во духот на нашите платформски начела, повикуваме македонските војници да бидат повлечени, не само од КиМ, туку од сите воени мисии на НАТО, спроведувани за лукративните и империјалистички интереси на одредени земји од колективниот Запад. Согласно програмските заложби, Левица се залага македонската армија единствено да може да учествува во хуманитарни акции кои се под покровителство на ООН.