Изложбата „Landscape Experience” утре во Битола

Почитувани,

Утре 16. 12. 2023, со почеток од 18 часот во Мала сала на НУ „Завод и Музеј“ – Битола ќе се отвори изложбата „Landscape Experience”, македонски претставник на 59то Венециско биенале на уметноста во 2022 година, на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

Изложбата „Landscape Experience” на Јанкулоски и Мотеска е мултинаративен транстактичен проект кој на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.

Може ли убавото да биде истовремено и подмолно грдо, естетското да стане слуга на злото, но со намера да го изнајде вистинскиот пат за да стане опомена?

Сите овие прашања, со преиспитување на тезата за баналноста на злото, се наоѓаат во проектот „Landscape Experience“.­