Костовски: Полицијата на Спасовски три дена ги мазни копуци на ДУИ заради кои градот се дави во ѓубре
Советникот на Левица во Советот на Општина Аеродром, Горан Костовски – Чиз, даде свој коментар за ситуацијата со групата вработени во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради која е блокирана работата на претпријатието. Според Костовски, полицијата на Спасовски наместо да интервенира во правилна насока, таа се однесува со посебно внимание кон луѓето во претпријатието кои ја блокираа неговата работа, само заради тоа што се вработени преку ДУИ.
„Полицијата на Обиџуко три дена ги мазни 30-тина копуци на ДУИ кои го блокирале Комуналец зашо сакаат да зимаат плата и да не работат.“
Причината за промена на односот кон оние кои ја блокираа работата во претпријатието, тој ја гледа во тоа што на неразумниот потег на ДУИ и СДСМ, почнаа да собираат поени од другите политички партии.
„Ама кога Обиџуко виде дека дпмнејските градоначалници ќе збираат политички поени као демек они ќе го чистат ѓубрето истата полиција инстант го растури протестот и блокадата на Комуналец. Провидно и од двете страни. Копуци недоквакани 30 години нѐ дупат ама им иде крајот кога сите ќе завршат на буниште.“ – вели Костовски.