Апасиев: Корумпираните од СДСМ-ДПМНЕ дозволија цел систем да зависи од една крими-партија

Викендов контејнерите во главниот град се преполни со смет. Не стивнуваат реакциите од граѓани поради тоа што ѓубрето не се исфрла од контејнерите. Уште полошо е велат што поради топлото време се шири страшна смрдеа. Причината за ова е што од петокот дел од вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и не го собираат ѓубрето, но и не дозволуваат останатите вработени да работат.

Лидерот на Левица, партија која во Советот на Град Скопје има 4 советници, вели дека дваесетина вработени во во ЈП „Комунална хигиена“ од редовите на ДУИ се причината зошто неколку дена ѓубрето во македонската престолнина не се собира.

Цел главен град на земја-членка на НАТО е заложник на 20 битанги од ДУИ кои 15 години “оделе” трета смена на работа и сега им рекле да одат прва, па господава се увредиле!?(Затоа е блокирано собирањето ѓубре у Скопје)

Апаиев додаде дека заради СДСМ и ДПМНЕ, мафиозните алашвериши на ДУИ можат да изведуваат што сакаат, додека жртва на нивното однесување се сите граѓани.

p.s. Корумпираните говеда од СДСМ-ДПМНЕ дозволија цел систем да зависи од една крими-партија со мафиозни алашвериши. Ѓубриња смрдени! Напиша Апасиев.

Останува нејасно зошто луѓето вработени од ДУИ во ова претпријатие се заштитени од централната власт додека целиот град се дави во ѓубре, но потполно е јасно дека коалицијата на СДСМ и ДПМНЕ одлично функционира, а овој пат човек на кого се обидуваат да му наштетат е скопската градоначалничка Данела Арсовска.