Русија предлага ШОС да се бори против тероризмот – НР Кина нема ништо против

Борбата против тероризмот, сузбивањето на екстремизмот и радикализмот стануваат еден од приоритетите на Шангајската организација за соработка (ШСО), велат руски експерти, коментирајќи го предлогот на рускиот претседател Владимир Путин „регионалната антитерористичка структура на ШOС да се трансформира во универзален центар кој би одговорил на целиот спектар на безбедносни закани.“

Идејата на Путин не треба да се поврзува со создавање на нов воен блок, бидејќи ШОС не е воен блок и не е коректно да се смета за „анти-НАТО“ сојуз, објаснуваат експертите.

ШОС е организација отсекогаш се држела до принципот на неврзаност и неконфликтност, а не е насочена против трети земји. Заложбите на ШОС се насочени кон обезбедување мир, безбедност, стабилност, развој и просперитет на регионот, а пред се, главната цел на ШОС е меѓусебната соработка на земјите-членки.

„Регионалната антитерористичка структура, која моментално се наоѓа во градот Ташкент, главно се занимава со координација на борбата против тероризмот. Проблемите со тероризмот, трговијата со дрога и илегалната трговија со оружје се тесно поврзани. Според тоа, предлогот претставен од руската страна е рационален и може да се толкува како обединување на повеке сегменти во насока на борба против овие појави. Со други зборови, станува збор за обединување на членовите на ШОС во борбата против тероризмот, екстремизмот, против трговијата со дрога и илегалната трговија со оружје во еден центар, кој веројатно би можел да се нарече и ‘центар за борба против разни видови актуелни закани“’, вели Владимир Захаров, руски дипломат и поранешен заменик генерален секретар на ШОС.

Кинескиот експерт Џоу Јун оценува дека идејата на рускиот претседател за создавање меѓународен антитерористички центар е особено релевантна во контекст на украинскиот конфликт и дека таквата реформа на ШОС може да ја запре препродажбата на оружје од украинските залихи.

Жун наведува дека рускиот предлог е од големо значење, имајќи предвид дека на страната на Украина во зоната на конфликтот се појавиле огромен број платеници, а многу оружје преминало во рацете на различни вооружени структури, што „создава нови закани не само за регионот, но и за целиот свет.”

Исто така, ескалацијата на воено-политичката ситуација и нестабилноста во Авганистан може да доведе до влошување на ситуацијата и нови закани за регионалната безбедност. Милитантите на Исламската држава – фракциите и Вилаети Хорасан и голем број други меѓународни терористички организации (забранети во Русија) се концентрирани во провинциите што граничат со Таџикистан, што создава закана за граничната безбедност.

На територијата на ШОС постојат ризици од навлегување на „заспани“ – терористи, подготвени да извршат терористички напади по команда на нивните газди.

Шангајската организација за соработка е меѓународна организација основана на 15 јуни 2001 година од лидерите на НР Кина, Русија, Казахстан, Таџикистан, Киргистан и Узбекистан.

На 9 јуни 2017 година, Индија и Пакистан станаа полноправни членки на ШОС, а на 17 септември 2021 година, лидерите на ШОС го одобрија приемот на Иран како полноправни членки на организацијата. Истиот ден беше објавено и почеток на процедурата за доделување полноправно членство на Белорусија, која истовремено останува во статус на набљудувач во организацијата.