Изложба “Визии-Глава полна со луѓе“ во Музеј на град Скопје

На 03.06 (понеделник) со почеток во 20 часот во Музеј на град Скопје – Салон 2 пред македонската јавност ке биде претставена изложбата “ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ со најновите дела од реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов. 

Извонредниот портретист од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, насликани  во периодот 2016-2022 година.