Мицкоски повика: Да одиме ние да се бориме за Украина
Да испратиме војска во НАТО, побара во вчерашното гостување во Само Вистина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој воедно побара и брза ратификација на профоколот за членство на Украина во НАТО.
Сакаме да ѝ помогнеме на Украина? Еве веднаш, веднаш сите членки на ЕУ кои се дел од Алијансата да почнеме ратификација на протоколот за членство на НАТО, да го искористиме членот четири-пет и да испратиме војска таму, да одиме ние да се бориме, рече Мицкоски.
Покрај целата заскриена политика на СДСМ, која индиректно, од позиција на власт, ја направи земјава активен учесник и страна во конфликтот, официјално ова е прво повикување за директна војна против Русија од страна на ВМРО-ДПМНЕ што е уште го потврди функционирањето на нивната коалиција зад затворени врати, која јавно ја обзнанија пред околу еден месец.