АктуелноИнтернационално

Апартхејдот Израел ги пали палестинските насадите со маслинки на окупираниот Западен Брег

Откако израелската влада обзнани дека ќе ги објави плановите за „урбанизација“ во окупираниот дел на Западниот Брег, каде живеат Палестинци, изралеците веќе тргнаа да ги палат имотите на палестинците кои живеат и обработуваат земјиште на тие територии каде се планира урбанизацијата. Имено, израелската политика на палење маслинови дрвја има за цел да ги задуши палестинските семејства, бидејќи тоа е обично еден од нивните ретки ресурси за преживување, уништувајќи ги, ги намалува приходите на семејството, што тоа влијае и им помага да ги избркаат од нивната земја, отворајќи пат за изградба на нови нелегални населби како овој план во најава.

Тел Авив им соопшти на САД за проектот за изградба на најмалку 4.000 станбени единици на окупираниот Западен Брег. Можно е израелскиот комитет за планирање да ги одобри плановите пред крајот на јуни.

Администрацијата на Бајден, наводно, врши притисок врз израелската влада да не продолжи засега со плановите за населување, кои се сметаат за НЕЛЕГАЛНИ според меѓународното право.