ПОЦ ги дискриминира лицата со Попреченост

  • Реакција на Политичката партија Левица

Поради неспособност и отсуство на политичка волја на владејачката гарнитура, лицата со попреченост мора да се борат со дискриминаторскиот однос на институциите на системот.

Еден од примерите за дискриминација на лицата со попреченост е неможноста сите лица со попреченост да користат повластен паркинг во општина Центар.

Нецелосниот и ограничувачки Правилник на ПОЦ предвидува дека лице со попреченост има право на повластен паркинг доколку тоа или близок член на семејството поседува возило, а ваквите лица често не се во состојба да возат.

Со овој Правилник не се опфатени личните асистенти на лицата со попреченост. При еден ваков случај кај жена со претрпен мозочен удар, одговорот кој го добила од Управниот одбор на ПОЦ бил да си плати тн гостинска картичка за персоналниот асистент – што е директна дискриминација!

Поради преголемиот трошок за паркинг, кој личните асистенти мораат секојдневно да го плаќаат при вршење на својата работа, истите се откажуваат од неа, при што директна штета трпат лицата со попреченост.

Бараме директорот на ПОЦ – Душко КОЦЕВСКИ итно да иницира мерки за промена на дискриминирачкиот Правилник! Со корекција на Правилникот на ПОЦ, многу лесно може да се изнајде соодветно решение за проширување на лицата за повластен паркинг да можат да ги користат и личните асистенти на лицата со попреченост.