АктуелноЛокално

Левица: Елиминација на корупцијата, а не уставни измени за влез во ЕУ

  • Реакција на Левица – Правен Сектор

Секојдневно сме бомбардирани со вести за најавените уставни промени како услов за наводен влез во ЕУ, кој како наратив СДСМ го наметна, а ДПМНЕ очигледно глатко го прифати.Во сите извештаи за оценка на исполнување на условите за влез во ЕУ, Европската комисија, години наназад ја нотира корупцијата, партизираноста на администрацијата и недовербата во судството.

Ставањето на актуелниот струшки градоначалник Мерко на црната листа на САД поради коруптивни активности го разбуди Судскиот совет, па започна контролата во струшкиот суд .

Но, будењето од длабокиот сон на заробените институции кои реагираат само и единствено на опомена и санкции од странски амбасади и држави, се случи и во Обвинителство конечно иако има седум активни предмети за Мерко.

Дали ова значи дека ќе се разбудат и во Бирото за судски вештачења, каде структури на ДУИ владеат, па очигледно се кочи предметот против Мерко за штета на Буџетот при вршење на јавни набавки или треба посебна опомена од странски амбасадор???

Корупцијата е сеприсутна, но системот е заробен од владејачката СДС- ДУИ за кои ниту постојат ниту важат било какви закони, постапки и процедури туку се’ е дадено на продажба. Јавна тајна е цена на извод, цена на државјанство….цена на уставни измени, промена на закони.

Левица единствена стои на ставот – НЕ за уставни измени под ниту еден услов – затоа што тоа не е услов за влез во ЕУ, туку замка од соседот за остварување на нивните националистички вековни стремежи потпомогнати од етнотрибализмот на албанските партии.

#ДА# за борба против корупција, владеење на право и ефикасен правен систем.

#НЕ за уставни измени