На денешен ден пред 80 години бугарските фашисти ги стрелаа Никола Вапцаров и Антон Попов

  • Објава на ОМО Илинден Пирин – забранетата партија на Македонците во Бугарија

На денешен ден пред 80 години, 23.07.1942 година од страна на бугарските фашисти на гарнизонското стрелиште во Софија се стрелани Македонците Никола Вапцаров и Антон Попов, револуционери од Пиринскиот дел на Македонија.

Двете фотографии се направени непосредно пред стрелањето. Вапцаров и Попов се основачи и меѓу најистакнатите членови на Македонскиот литературен кружок кој бил формиран 1938 година во Софија. И двајцата Македонци до коска. Во рефератот кој го напишал по повод основањето на кружокот во 1938, ВАПЦАРОВ ќе рече:

„На нас, како Македонци што пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени… Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила… Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска) великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот – Слободна и независна Македонија.

Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност… Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха…Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме…

Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“

АНТОН ПОПОВ во својот дневник во 1938 година, во текстот „Млада Македонија“ ќе напише:

„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа.

Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признат.
Историјата на човештвото е полна со неправди.

Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?… Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?…“

Вечна им слава на Македонските синови!