Македонија во првите пет земји во светот по поскапување на становите

Македонија во првите пет земји во светот по поскапување на становите, објави „World of Statistics“. Вкупна инфлација е 20.6% за последната година. Единствено Србија и Русија имаат поголемо поскапување на становите со 23.1% и Турција, која е земја во светот со најголемо поскапување на становите од 167.9%.

Во првите десет земји со најголемо поскапување на становите, на петто место е Исланд (20,3%), на шесто Хрватска (17,3%) на седмо Израел (16,8%) на осмо Унгарија (16.5%)на девето Грција (12,2%) и на десетто Португалија (11,3%). Само пет земји во светот за последната година имаат поскапување на становите од над 20%, а единствена земја од регионот во која становите се поскапени повеќе од Македонија е Србија.

Колку за споредба, во земјите како Германија и Шведска се бележи намалување на цените за становите за нешто над 3,5% односно за 2.6% во Германија и 3.7% во Шведска. Во НР Кина исто така се бележи пад на цените на становите од 3.7%, додека во Нов Зеланд цените на становите се намалени за 10,4%.

Потсетуваме, во Макеоднија над една третина од становите се ненаселени, односно, од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4% се населени, а 307.187 станови или 36,6% се ненаселени.