Апасеив: Уставниот суд е нем посматрач на балистичката демакедонизацијата на Македонија

Министерот за правда во октроираната Влада Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Воведувањто на етничка припадност во изводите е само уште една од низата противуставни акти предвидени со Тиранската платформа кои водат кон редефинирање на државата. Таков беше случајот со двојазичноста, која подоцна беше наметната и на приватниот сектор, двојазичните униформи, фалсификуваниот попис и ред други работи реализиранои од Владата на СДСМ и ДУИ.

Пратеникот од Левица – Димитар Апасиев ја осуди оваа противуставна одлука, како што тој ја нарече за „демакедонизација“, а вината за овој чин кој го нарушува уставниот поредок во државата ја лоцираше во Уставниот суд.

„Наместо Уставниот суд да донесе времено решение со кое ќе го суспендира контроверзното Упатство на балистичкиот Министер за правда, тој е нем посматрач на демакедонизацијата спротивна на Уставот! Ах Кацарска, Кацарска. Гнидо една режимска!“ – Напиша Апасиев на својот фејсбук профил.