АктуелноЛокално

Црвена младина: СДММ и СДСМ откако ги избркаа младите од земјава ќе формираат министерство за млади 

  • Фејсбук статус на Црвена младина

„Лажните пробугарски социјалдемократи од СДСМ и нејзиниот фиктивен подмладок СДММ на од нив организираната трибина „Младина, иднина, Европа”, гробарите на младинскиот и студентскиот стандард во Македонија разговарале како да унапреди стандардот на младите.

Младината на владејачката партија која дојде на власт со огромни ветувања за создавање на „студентски град” и енормно зголемување на студентскиот и младинскиот стандард во Македонија, по седум години континуирано уништување на истиот, го даде најглупавиот предлог до сега: формирање на министерство за млади.

Наместо СДММ да нуди бесмислени предлози за унапредување на младинскиот стандард и „одење во Европа” да им порача на советниците и пратениците од нејзините редови во собранието и општините ширум Македонија да направат нешто конкретно.

Најголемите уништувачи на животниот стандард на младите во Македонија и претседател на нивната „младина” Марко Михаиловски кој наместо да се однесува како СДСМ да е опозиција и да дава бесмислени предлози, по се што направија, или поточно не направија за македонската младина единствено што им преостанува е да си дадат оставка“.