Индија бара реформа на глобалните институции и создавање на мултиполарен свет

Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека критиките за позицијата на Индија за улогата на Русија во Украина не се општо прифатени во САД.

Запрашан во интервју за „Волстрит Журнал“ за критичките коментари во САД дека Индија не зазема построг став за руската инвазија на Украина, Моди рече: „Не мислам дека таа перцепција не е широко прифатена во САД“.

„Позицијата на Индија е многу добро позната и разбрана од целиот свет. Светот верува дека мирот е главен приоритет на Индија“, додаде тој.

Моди тргна на официјално патување во САД за што се надеваат на подобрување во билатералните односи, со фокус на зајакнување на соработката во одбраната и високата технологија. Но, Њу Делхи одбива да го осуди својот стар сојузник Русија заспецијалната воена операција во Украина и ја подигна трговијата со Москва на рекордно ниво, најмногу благодарение на увозот на руска нафта.

Претседателот Џо Бајден сака да ги зајакне врските со Индија, како дел од напорите да се победи, како што тој го нарекува судир меѓу слободните и автократските општества, со особено осврт на НР Кина и Руската Федерација. Индија има традиционално добри односи со двете земји, која особено силно се разви во рамките на БРИКС, ваквиот однос на САД, дел од експертите го оценуваат како обид за минирање на добрите односи помеѓу земјите во БРИКС, како и создавање конфликт помеѓу овие држави кои се најголема закана за Западната доминација.

„Моди повика на реформа на глобалните институции како ООН, за тие да бидат повеќе во согласност со мултиполарниот светски поредок и да ги претставуваат посиромашните земји во поголема мера“, пишува весникот.

Индија исто така сака да стане постојана членка на Советот за безбедност на ООН. „Светот треба да праша дали Индија сака да биде таму“, рече Моди.