Целосно разоружување на Македонија во неколку месеци
- Фејсбук статус на Мартин Димоски – Советник од Левица во Општина Карпош
Целосно разоружување на Македонија во неколку месеци – за „својте правдини“ ќе се бориме со дрва и камења! Она што со месеци не го потврдува Министерството за Одбрана го открива Орикспиоенкоп. Oд минатата година до денес македонската армија е буквално разоружана.
Донирани се четирите авиони Su-25 кој еа вклучени во операциите во 2001 година. Во процес на донирање се и 12-те јуришни хеликоптери, па сега на воздухопловниот ВИНГ на располагање остануваат само 6 транспортни хеликоптери Mi-17 (дел неисправни). Ова практично значи дека во целост се укинува 101-та авијациска ескадрила како и т.н. ескадрила „Ноќни громови“ (по старата структура 201-ескадрила).
Македонија на Украина ги донираше и сите борбени тенкови T-72А. Од донираните, 31 Македонија во 2001 година ги купи токму од Украина. Со ова, Армијата на Македонија останува без борбени тенкови во своите редови.
На Украина донирано е најголем дел од артилериското оружје, бројни ракети, најразновидна муниција како и резервни делови.
Од армија со солидно наоружување, Македонија стана земја со најслабо опремена армија на Балканот. Дури Косово, земја без официјална армија, има безбедносни сили со повеќе опрема (имаат 45 беспилотни летала).