(Видео) Да не постоеше стравот од Левица како политички фактор, ВМРО ДПМНЕ одамна ќе капитулираше
- Дел од гостувањето на пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во емисијата ,,Аргумент Плус”:
„Сѐ повеќе тезата на СДСМ дека Левица ги држи во “заложништво“ ВМРО-ДПМНЕ – излегува точна.
ВМРО-ДПМНЕ од една страна се притиснати од амбасадата на САД и западните дипломати, од друга страна Левица излегува со соопштенија, па затоа ставот им еволуира.Меѓутоа, сѐ поизвесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифатат промена на Уставот.
ВМРО-ДПМНЕ од околу 450.000 гласа по Преспанскиот договор падна на околу 350.000 гласа. Доколку се случи уште едно предавство, тие би изгубиле уште минимум 50.000-100.000 гласа и ќе влезат во процес на распаѓање, а на долг рок ќе исчезнат.
Оваа ситуација ѝ одговара на Левица, меѓутоа не ѝ одговара на Македонија.
Да го гледавме овој процес од аспект на тоа да ѝ одговара на Левица, немаше да притискаме ниту со соопштенија, туку ќе оставевме притисокот од запад да си го направи своето. Но, ние, верувал народот или не, се грижиме за државата дури и на наша штета, исто како што е случајот и со медиумската блокада во која се наоѓа Левица.“