АктуелноЛокално

Апасиев за Мицкоски: Се шитна за пет министерски места во окупациската Влада

Откако минатата недела беше остварена т.н. лидерска средба, помеѓу октроираниот премиер Димитар Ковачевски и претендентот да ја заземе неговата октроирана позиција Христијан Мицкоски, во јавноста не стивнуваат реакциите за јавното објавување на широката коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која триесет години беше криена во сенка.

Во обидот да се релативизира новото национално предавство, кое несомнено дека без Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаше да може да биде реализирано, од оваа партија вината за своите предавства се обидуваат да ја оправдаат преку напади на единствената опозициска партија Левица.

Изминатите неколку денови, претендентот на октроираната премиерска позиција Христијан Мицкоски, кој за да ја добие истата е спремен да прифати уставни измени и внесување на бугарите во Уставот, приредувајќи и на Македонија ново национално предавство, многукратно се обиде во своите настапи, на секој можен начин да ја нападне опозициската Левица.

Денес, на овие провокации Димитар Апасиев, кратко на својот фејсбук профил поентираше во оваа насока и за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напиша: „Се шитнаа за пет министерски места во окупационата Влада, па сега Левица им била крива“ и го додаде хаштагот, широка коалиција.