Мециновиќ: Растот на Левица е незапирлив – Ниту саботажа не може да го спречи
- Евроскептицизмот во Македонија си го создаде самата ЕУ, не им треба ни руски пари ни руско влијание за да расте евроскептицизмот во Македонија, изјави портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ во емисијата Тешки муабети. Тој зборуваше за односот на ЕУ кон Македонија, како и за фактот дека ништо не може да го попречи растот на Левица, бидејки таа е единствената партија која нуди алтернатива на актуелната политичка елита. Во прилог дел од неговото излагање:
Ние и да сме членки на ЕУ пак ќе ги трпиме истите критики, ЕУ не остана конзистентна на ниту еден став во врска со Македонија. Многу пари се испумпани во изминатите години да се каже дека немаме друга алтернатива од ЕУ, се создава таков привид.
Тие кои ќе дојдат на власт треба да бидат чисти и неискорумпирани луѓе. Зошто да не мислиме дека Мицкоски сега сака да дојде на власт за да ги прикрие своите криминали. Првиот чекор е излегување од матрицата на корупцијата и мафијата, од матрицата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ. Не може веќе да се даваат гласови на такви партии, движења како на Максим Димитриевски, на секои неколку години се појавува такво некое движење кое си се враќа после надаз кон матрицата.
Во овој момент ништо не може да го запре растот на Левица, го загрижуваме љубовниот триаголник на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и странците. Растот на Левица е незапирлив, тој може да се саботира преку разни трикови, но тоа е саботажа на демократскиот порив, вели Мециновиќ.