Апасиев: Странските инвеститори ќе ги тераат луѓето да работат по 12 часа на ден
Лидерот на Левица Димитар Апасиев на социјалните мрежи сподели информација дека СДС планира да го зголеми работниот ден на работниците кои работат во индустриските зони на „странските инвеститори“.
Ово се случува непосредно откако СДСМ и ДУИ ги изгласаа спорните и противуставни закони за „Бихтел и Енка“ со кои се прекршуваат работничките права и се зголемува работното време за работниците.
„По носењето на законите за ропство, првично за ‘Бехтел и Енка’, до нас стигнуваат информации дека во ТИРЗ-овите, странските инвеститори ги тераат луѓето да работат по 12 часа на ден + 2 часа превоз до и од работа!?
p.s. Фала СДС, све да ви ибам“, – напиша Апасиев на социјалните мрежи.
Потсетуваме, Левица е единствената партија која се обиде да ги блокира овие штетни закони и поднесе околу 7000 амандмани. Сепак, дел од собраниските процедури беа прекршени, а СДС и ДУИ ги изгласаа законите со кои работниците повторно се враќаат во ропство.