По повод „Денот на Русија“ – ДНР Кореја изрази поддршка за рускиот народ

„ДНР Кореја изразува целосна поддршка и солидарност со рускиот народ кој го брани својот суверенитет и иднина и му посакува просперитет и победа“, се вели во телеграмата што лидерот на оваа земја – Ким Јонг Ун му ја испрати на рускиот претседател Владимир Путин, по повод Денот на Русија.

Во денешно време, борбата на рускиот народ против зголемените закани и предизвици од непријателските сили кои се обидуваат да го нарушат суверенитетот, безбедноста и мирниот живот на земјата минува низ нова клучна фаза“, го цитира Корејската централна новинска агенција (КЦНА). Ким Јонг Ун додаде дека народот на Северна Кореја целосно ја поддржува и обединува Русија во заштитата на нејзиниот суверенитет и националните интереси.

Правдата секогаш ќе преовладува и рускиот народ ќе продолжи да ја велича историјата на победата, стои во телеграмата изпратена од Ким Јонг Ун.

Тој, исто така, истакна дека пријателството меѓу двете земји станало „вредно стратешко богатство‘‘. Следствено Ким Јонг Ун, е подготвен да продолжи да ги зајакнува добрососедските односи и стратешка соработка меѓу Појонгјанг и Москва.

Во заклучокот, тој му посака на Путин добро здравје и добар успех во неговата работа, како и вечен просперитет, развој и победа на рускиот народ.