Голем број патриоти подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на Мицкоски
Идејата на Мицкоски за широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која ќе ги изгласа уставните измени за влез на Бугарите во Уставот на Република Македонија очигледно не поминува кај членството на партијата.
Истакнати членови реагираат на социјалните мрежи и велат дека најпрво не поддржуваат уставни измени, а потоа не поддржуваат ниту влада заедно со СДСМ.
„Никогаш, додека дишам, нема да поддржам коалиции и влади со шарено копиле, комуњар, соросов фашист, максовци, јанчевци, димчиња, и секој еден останат кој ја силуваше мајка Македонија. Тоа е, таков сум, таков и ќе умрам ама нема да им се поддадам и продадам како што им се продавате вие партиските злокоби.
Не е лесно да си Македонец, и да живееш во сиромаштија и понижувања, знам. Под уцени и закани не е лесно сфаќам, и не може секој да издржи. Ама пак….подобро со сол и леб на маса да сум насмеан и горд, отколку на полна маса расплакан и несреќен. Да живее мајка Македонија“ – напиша на Фејсбук Кристиан Јандриоски кој е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ од општината Ѓорче Петров.