Левица: Директорката на КС Валандово вмешана во меѓународени криминални активности
- Реакција на ЛО Левица – Валандово
Директорката на Комунален сервис Валандово, Емилија Заева Костова, кадар на СДС и братучетка на Зоран Заев, преку нивната фирма вмешана во меѓународен криминал.
Имено, според “Фокус“, фирмата „ДЕНА“ во сопственост на кланот Заеви, должи на инвеститорот од Австрија 4 милиони евра и со пресуда на судот од Австрија треба да ги исплати како отштета. Но оваа пресуда не може да се изврши бидејќи македонските судови го оневозможуваат извршувањето на пресудата.
Во меѓувреме капиталот од ДЕНА се трансферира во другата нивна фирма, Глобал трејд ДММ, на чие чело е Емилија Заева Костова, братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДС, Зоран Заев, која истовремено е и стопроцентен сопственик на компанијата.
Судската голгота за австриската компанија кулминирала чекајќи арбитражната одлука од Виена да се потврди пред македонските судови. Иако Арбитражниот суд во Виена, одлуката ја донел на 3 јануари, и по 5 месеци нашите судови ја немаат потврдено.
Го прашуваме градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, дали после оваа меѓународна афера и вмешаност во криминални дејствија, планира да ја разреши директорката на Комунален сервис, Емилија Заева Костова?!